
Клучните каматни стапки во Еврозоната ќе бидат стабилни на краток рок, додека нивниот мал раст се очекува до 2028 година, според анкетата објавена од професионални прогнозери на Европската централна банка во која учествуваа 65 експерти.
Според експертите, каматната стапка на депозитите во Еврозоната ќе остане на два проценти до крајот на годината и малку ќе се намали на 1,9 проценти, додека до 2028 година се очекува умерен раст на 2,25 проценти.
Каматата на главните операции за рефинансирање и каматата на маргиналната кредитна линија ќе следат слични трендови и малку ќе се зголемат на 2,4 до 2,65 проценти до 2028 година.











