Од утре во 11:30 часот во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, под мотото Да го зачуваме и развиваме занаетчиството сите заедно, затоа што Занаетчиството е се околу нас, започнува манифестацијата Денови на занаетчиството во РМ 2013, која се оддржува традиционално по четврти пат. Проектот е поддржан од Министерството за економија, а од оваа година истиот го поддржа и Министерството за култура на Република Македонија.
Денови на занаетчиството како проект настана во 2010 година во соработка на Занаетчиската комора на Република Македонија и германскиот партнер Занаетчиската комора Кобленц, која беше инспирирана од имиџ кампањата за промоција на занаетчиството. Оваа манифестација има за цел да ги промовира потенцијалите на занаетчиството како фактор на економски развој, креатор на нови работни места, како чувар на традицијата и културата на нашата земја.