Претставен суперкомпјутер на ФИНКИ

92

Најмоќниот суперкомпјутер дојде и во Македонија. Системот беше преставен во Лабораторијата за пресметување со високи перформанси, на Факултетот за Информатички науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ).

Суперкомпјутерот ќе биде управуван од страна на стручен тим од факултет, а ќе можат да го користат сите институции и поединци кои имаат потреба од пресметки со високи перформанси.

Со овој систем ќе се вршат истражувања во пресметковната хемија, физиката, сеизмологијата, метеорологијата, геологијата, биомедицината и во многу други области.

Каде се може да се користи суперкомпјутерот?

Овој моќен систем може да се користи при:
-симулации на судар на возила,
-молекуларни интеракции при дизајн на нови лекови,
-симулација на воздушен проток кај автомобили, возови и авиони,
-симулации на галаксии, истражувања поврзани со глобалното затоплување,
-метеоролошки станици кои прават предвидување на временски услови на долг рок и слично.

Ваквите системи во Европа најчесто наоѓаат примена во автомобилската индустрија, финансиските сервиси, нафтената индустрија како и дистрибутивните синџири.
Од особено значење на овие системи е можноста за имплементирање на решенија „во облакот” (cloud). Преку овие решенија може да им се понудат флексибилни пресметковни решенија на малите и средните компании.
Целосната изведба, инсталација и пуштање во употреба на HPC (high performance computer) беше изведена од страна на НЕОКОМ А.Д.
Супермоќниот систем е дело на најголемиот производител на ИТ опрема во светот Hewlett Packard – HP.

Суперкомпјутерот се состои од 84 сервери. Секој сервер има два процесори (вкупно 168) и секој процесор има шест јадра (1008 јадра). Концептот на поврзување на овие сервери е изведен преку Infiniband интерконекции. Поврзувањето е изведено со 84 посебни линкови. Поради потребите на универзитетот, кластерот на системот ќе го користи Scientific Linux оперативениот систем, додека споделениот склад е организиран со Lustre датотечниот систем. Напојувањето на системот е реализирано преку UPS системи со голема моќност, кои се директно поврзани на трафостаница.