
Нето вредноста на милијардерот Илон Маск, најбогатиот човек во светот, накратко надмина 500 милијарди долари, објави Форбс.
Нето вредноста на шефот на Тесла и Спејс Екс достигна 500,1 милијарда долари во среда, пред да падне на 499,1 милијарда долари, според рангирањето на милијардери во реално време на Форбс.
На ранг-листата на Форбс следуваат ко-основачот на Оракл, Лари Елисон, со богатство од 350,7 милијарди долари и извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, со богатство од 245,8 милијарди долари.
По дипломирањето на Универзитетот во Пенсилванија и напуштањето на Стенфорд, Илон Маск ја продаде компанијата за софтвер за онлајн издаваштво на производителот на компјутери Компак во 1999 година за повеќе од 300 милиони долари.
Неговата следна компанија на крајот се спои со PayPal. Откако го напушти PayPal, јужноафриканскиот претприемач го основа Спејс Екс во 2002 година и се приклучи на Тесла во 2004 година.