
Берзата во Париз денес нагло падна, при што индексот CAC 40 изгуби речиси два проценти од својата вредност откако францускиот премиер Себастијан Лекурни поднесе оставка, која беше прифатена од претседателот Емануел Макрон.
Веста за оставката брзо одекна на финансиските пазари и предизвика силна реакција од инвеститорите, објавува Фигаро.
На Euronext Paris, акциите на LVMH паднаа за 1,68 проценти, на BNP Paribas за 5,68 проценти, на Airbus за 1,2 проценти, на Kering за 2,64 проценти и на Renault за 3,72 проценти во 10:22 часот.