Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 5,6%, а кај аутпутот е зголемен за 1,2%.
Во ноември 2013 година, во споредба со ноември 2012 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 94,1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99,7.
Во делот аутпут, во ноември 2013 година, во споредба со ноември 2012 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 100,7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 102,3.