Европските компании сè повеќе користат вештачка интелигенција, но заостануваат во дигитализацијата

Европските мали и средни претпријатија (МСП) сè повеќе користат вештачка интелигенција (ВИ), но заостануваат во употребата на основните дигитални алатки, според анкета објавена денес од Qonto и Appinio.

Анкета спроведена на 1.600 високи раководители во Франција, Германија, Италија и Шпанија покажа дека 46 проценти од европските МСП користат алатки за вештачка интелигенција како ChatGPT на дневна основа, но само мал дел од нив користат дигитално книговодство, видеоконференции, анализа на податоци или дигитално управување со документи, објавува Ројтерс.

Како што е наведено, овој парадокс води до заостанување зад поголемите компании кои континуирано инвестираат во дигитална инфраструктура.