Европските берзански индекси се нерамномерни, цените на нафтата и златото паѓаат, Франција во фокусот

Европските берзански индекси денес се нерамномерни, цените на нафтата и златото паднаа, додека инвеститорите се фокусирани на ситуацијата во Франција, бидејќи се очекува претседателот Емануел Макрон да назначи нов премиер.

Премиерот во заминување Себастијан Лекурни изјави дека мнозинството пратеници се против распуштањето на парламентот и дека верува дека буџетот ќе биде усвоен до крајот на годината.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, преживеа две гласања за недоверба во четвртокот со поголема поддршка од пратениците отколку што имаше во претходниот обид да ја отстрани во јули.