
Американските акции пораснаа на отворањетo вчера, првенствено благодарение на скокот на вредноста на Apple, бидејќи инвеститорите чекаа можен крај на затворањето на владата на Соединетите Американски Држави, како и серија извештаи за заработката од големите компании и податоци за инфлацијата, кои се очекуваат во наредните денови.
Вредноста на берзанскиот индекс Dow Jones се зголеми за околу 401 поен, или за 0,9 проценти, S&P 500 за 1,0 процент, а Nasdaq за 1,4 проценти.
Компанијата Apple го предводеше растот на акциите, со скок на вредноста од два проценти, следејќи го трендот на зголемување на побарувачката за iPhone.











