
Денес, европските берзански индекси се нерамномерни, цените на нафтата паѓаат, додека инвеститорите се фокусирани на најновите податоци за работењето на големите компании и банки како што се „Лореал“ и „Уникредит“.
Акциите на европските одбранбени компании беа меѓу големите добитници во понеделник, а германскиот „Тисенкруп“ порасна за речиси 7,9 проценти во доцното тргување по одвојувањето на производителот на воени бродови TKMS, кој излезе самостојно на берзата во Франкфурт, објави CNBC.
Инвеститорите оваа недела ќе ги следат заработките од големите европски компании како што се SAP, Heineken, Sanofi, Kering, Roche и Unilever.
Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,03 проценти на 24.294,87 поени денес во 9:30 часот наутро, францускиот CAC 40 порасна за 0,06 проценти на 8.210,35 поени, британскиот FTSE 100 за 0,33 проценти на 9.436,35 поени, додека московскиот MOEX падна за 1,37 проценти на 2.706,28 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones порасна за 1,12 проценти на 46.706,58 поени, вредноста на индексот S&P 500 за 1,07 проценти на 6.735,13 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 1,37 проценти на 22.990,54 поени.
Европските фјучерси за гас за ноември беа продадени денес на отворањето на берзата TTF по цена од 31,6 евра за мегават-час.
Според актуелните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 56.772 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 60.782 долари.
Цената на златото падна на 4.331,04 долари за унца, а цената на пченицата на 5,0370 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,16243 долари, што е за 0,15 проценти помалку отколку на почетокот на тргувањето.











