
„Мајкрософт“ е најдобриот работодавач во светот во 2025 година, според традиционалниот избор на „Форбс“. Тие го оправдаа својот избор со исклучителните можности за развој и напредување што „Мајкрософт“ им ги нуди на своите вработени.
На второ место е „Делта ер лајнс“, американска авиокомпанија позната, велат, по својата услуга за корисници и големи инвестиции во работници.
Зад нив е уште една технолошка компанија, сопственикот на Google, Alphabet, која го заработи својот висок ранг благодарение на иновациите во дигиталниот сектор и континуираното подобрување на условите за работа.
По неа следува глобалниот лидер во креативни и маркетиншки софтверски решенија, Adobe, каде што посебен акцент се става на поттикнување на креативноста кај вработените, а последното место во првите пет му припадна на германскиот производител на автомобили BMW.
Шестата е Nvidia, компанија специјализирана за графички процесори која стана највредна во светот во јуни, при што авторите ја нагласуваат нивната тимска работа и иновации.
Јапонија го има својот претставник на седмото место, а тоа е Sony, која, истакнува Forbes, успешно открива и вработува таленти во индустријата за забава, електроника и технологија.
IBM, компанија со долга историја во секторот за компјутерски услуги, е осма, пред Apple, која е особено горда на своите високи стандарди за вработените.
Изборот на десетте најдобри работодавци го заокружи данскиот производител на играчки Lego, чие вклучување на оваа листа се објаснува со рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот што ја уживаат нивните вработени.











