Со предлог буџетот на Албанија за 2014 година е проектиран економски раст од 2,1% БДП, со раст на јавниот долг на 74,8% БДП.
Предлог буџетот предвидува намалување на данокот на плати помали од 1.300 долари, со зголемување на данок на платите поголеми од овој износ, пишува Б92.
Предвидено е и ублажување на фискалното оптоварување на малите претприемачи и зголемување на даночната стапка за големите компании.
Министерот за финансии изјави дека очекува годинава реалниот раст на албанската економија да изнесува 1,3% БДП, а јавниот долг 69,1% БДП.
Државниот буџет за 2014 година треба да се донесе до 28 декември.