Туристички такси во Европа: Што треба да знаете пред да патувате

Планирате патување во Европа во 2025 година? Покрај авионските билети и сместувањето, треба да ги земете предвид и туристичките даноци што ги наплаќаат многу европски градови. Овие износи варираат од неколку евра по ноќ во помалите градови, до повеќе од 15 евра по лице во луксузен смештај во главни градови како Париз.

Патниците треба да знаат дека таксите зависат од видот на сместување – од категоријата на сместување (хостел, апартман, хотел), а некои градови наплаќаат повеќе во екот на туристичката сезона. Обично се плаќа при аплицирање за сместување, а многу градови ги ослободуваат децата или одредени групи од плаќање.

Туристички такси по град
Западна Европа
1. Амстердам (Холандија) – 12,5 проценти од цената на сместувањето;

2. Париз (Франција) – до 15,60 евра по лице, по ноќ;

3. Барселона (Шпанија) – четири евра по лице, по ноќ;

4. Венеција (Италија) – пет евра за дневни посетители или до 10 евра за резервации во последен момент;

5. Рим (Италија) – од три до седум евра по лице, по ноќ и,

6. Фиренца (Италија) – од едно до пет евра по лице, по ноќ.

Централна Европа
1. Виена (Австрија) – до 3,20 евра по лице, по ноќ;

2. Салцбург (Австрија) – до 1,75 евра по лице, по ноќ;

3. Берлин (Германија) – пет проценти од цената на сместувањето;

4. Хамбург (Германија) – до три евра по лице, по ноќ;

5. Будимпешта (Унгарија) – четири проценти од цената на сместувањето и,

6. Прага (Чешка) – 50 чешки круни (~1,97 евра) по лице, по ноќ.

Јужна Европа
1. Лисабон (Португалија) – две евра по лице, по ноќ;

2. Дубровник (Хрватска) – 2,65 евра по лице, по ноќ;

3. Атина (Грција) – 0,50 до 10 евра по соба, по ноќ, во зависност од категоријата на сместување и,

4. Милано (Италија) – од две до пет евра, во зависност од хотелот.

Источна Европа
1. Букурешт (Романија) – два проценти на ден од цената на сместувањето;

2. Клуж-Напока (Романија) – 0,5 проценти на ден и,

3. Софија (Бугарија) – 0,50 – 1,50 евра по лице, по ноќ, пишува Каматица

Туристичките такси во Европа се задолжителен трошок кој често се занемарува при планирањето патување. Со однапред познавање на износите, можете подобро да го планирате вашиот буџет и да избегнете изненадувања при сместување во хотел или апартман, несува Бизпортал.