НЛБ Банка: Пензиите се исплатени

НЛБ Банка известува дека пензиите за месец ноември се веќе исплатени и корисниците можат веднаш да ги користат своите средства.

Од банката посочуваат дека заштедата на време и поголемата безбедност може да се обезбедат преку користење на банкоматите, безготовински плаќања во продажната мрежа, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Пензионерите кои се корисници на НЛБ Банка можат да ги проверат своите средства и да започнат со нивно користење веднаш по исплатата.