Централната банка на Русија ќе бара отштета од европските банки поради блокирање на средствата

Централната банка на Руската Федерација објави дека ќе бара отштета од европските банки во рускиот арбитражен суд за, како што наведе, нелегалното блокирање и користење на нејзините средства.

Во соопштението се наведува дека регулаторот ќе бара отштета во износ на нелегално задржани средства, како и изгубена добивка, објави Интерфакс.

Централната банка ја објасни оваа одлука со „континуирани обиди на властите на Европската Унија нелегално да ги запленат или користат средствата на Банката на Русија лоцирани во финансиските институции на ЕУ, вклучително и воспоставување трајна имобилизација на овие средства“.