
Доларот зајакна, цените на нафтата паднаа
Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути се зголеми.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 98,52 поени утрово, додека вчера во ова време изнесуваше 98,41 поен.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 155,80 на 156,05 јени.
Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1720 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1745 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот се намали утрово за 0,32 проценти, на 59,65 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,23 проценти, на 56,05 долари.











