Отворен најдолгиот тунел во Словачка, чија изградба започна пред 27 години- чинеше 500 милиони евра

Тунелот Виснова во Словачка, чија изградба започна пред 27 години, беше отворен во недела со божиќен пазар во дел од словачкиот регион Жилина. Тунелот, долг 7,5 километри, е најдолгиот тунел во Словачка и седмиот најдолг во Европа.

Бројни граѓани присуствуваа на церемонијата на отворање на тунелот, кој се смета за еден од најсложените инфраструктурни проекти во земјата.

Проектот се соочи со повеќегодишни одложувања поради тешките геолошки услови во регионот, како и постојаните проблеми со компаниите изведувачи.

Историјата на тунелот Виснова датира од 1998 година, кога тогашниот премиер Владимир Мечијар го започнал проектот.

Следеа години хаос во спроведувањето на проектот, бидејќи овој дел од автопатот првично требаше да се изгради како дел од проект за јавно-приватно партнерство (ЈПП).

Откако тој план беше отфрлен во 2010 година, словачко-италијанскиот конзорциум „Духа и Салини Импрегило“ го доби договорот вреден речиси 500 милиони евра во 2014 година. Работата на тунелот започна во јуни 2015 година.