Богатството на американските технолошки лидери се зголеми за повеќе од 500 милијарди долари

Богатството на американските технолошки лидери  пораснa за повеќе од 500 милијарди долари во 2025 година благодарение на експлозивниот раст во секторот за вештачка интелигенција (ВИ).

Според податоците на Блумберг, комбинираната нето вредност на десетте најмоќни основачи и извршни директори на американските технолошки компании скокна од 1,9 трилиони долари на крајот на 2024 година на речиси 2,5 трилиони долари пред овогодинешниот Грегоријански Божиќ.

Овој историски пораст на вредноста на берзата е директна последица од масовните инвестиции во технологии за вештачка интелигенција кои го трансформираа глобалниот пазар на капитал.