
Годишната инфлација во Шпанија за декември, според прелиминарните податоци, малку се намали од трите проценти во ноември на 2,9 проценти, објави Националниот институт за статистика (INE).
Просечната инфлација во Шпанија за 2025 година е 2,7 проценти, што е само мало подобрување во споредба со 2024 година, кога изнесуваше 2,8 проценти, и сè уште е далеку од целта на Европската централна банка (ЕЦБ) од два проценти.
Овие податоци покажуваат дека растот на цените во Шпанија сè уште не е целосно под контрола, објавува „Ел Паис“.











