Промени во акционерската структура на „Реплек“: Владимир Пецовски го зголеми својот удел

Фармацевтската компанија „Реплек“ АД Скопје, преку Македонската берза, ја извести инвеститорската јавност за нови промени во сопственичката структура кај акционерите со квалификувано учество (над 5% од вкупниот број акции).

Акционерот Владимир Пецовски,  го зголемил своето портфолио за дополнителни 6 обични акции. Со оваа последна трансакција, Пецовски сега поседува вкупно 16.561 акција, што претставува удел од 6,39% од вкупниот број издадени акции на „Реплек“.

Од друга страна, НАСТЕЛ ДООЕЛ, која исто така е акционер со над 5% учество, извршила продажба. Компанијата отуѓила 112 акции, по што нејзината сопственост сега изнесува вкупно 15.266 акции. Со ова, учеството на НАСТЕЛ во акционерската структура на „Реплек“ изнесува 5,89%.