
Европскиот банкарски сектор се соочува со губење на повеќе од 200.000 работни места во следните пет години, проценуваат аналитичарите, пишува „Фајненшл тајмс“.
Главните причини се сè поголемото усвојување на вештачката интелигенција и затворањето на филијалите, што ги принудува банките брзо да бараат заштеди и да префрлат сè поголем дел од својот бизнис на Интернет.
Според прогнозата на „Морган Стенли“, индустријата би можела да го намали бројот на вработени за 10 проценти до 2030 година. Со оглед на тоа што 35-те анализирани банки заедно вработуваат околу 2,12 милиони луѓе, ова би значело отпуштање на приближно 212.000 работници.











