
Акциите на европските берзи вчерашното тргување го завршија со пораст, пред сè поради растот во секторот за одбрана. Ваквата реакција на пазарите дојде по веста за соборувањето на венецуеласкиот лидер Николас Мадуро од страна на САД.
Паневропскиот индекс STOXX 600 го заврши денот со пораст од 0,9%, при што повеќето главни берзи забележаа позитивни резултати, иако движењата по сектори беа мешовити, пренесува „CNBC“.
Главниот двигател на вчерашниот оптимизам беше геополитичката ситуација. Инвеститорите будно ги следеа вестите од Јужна Америка, што предизвика зголемен интерес за акциите на компаниите од воената индустрија и одбранбениот сектор, кои беа главните носители на вчерашниот раст на европските пазари.











