
„Мета“ објави дека ќе го одложи лансирањето на својот најнов модел на паметни очила во земји надвор од САД поради големата побарувачка од американските клиенти.
Паметните очила „Реј-Бан Дисплеј“, развиени во партнерство со француско-италијанската група за очила „Есилор Луксотика“, треба да бидат достапни за продажба во Канада, Франција, Велика Британија и Италија на почетокот на оваа година, објави „Ројтерс“.
Сепак, зголемената побарувачка и ограничените залихи значат дека лансирањето ќе биде одложено, објави менаџерката за комуникации на Метa Браун Џалоза.











