Годишната инфлација во еврозоната се намали на два проценти во декември

Годишната инфлација во еврозоната за декември, според прелиминарните податоци, се намали од ноемвриските 2,1 на два проценти, објави Евростат.

Цените на услугите се зголемија за 3,4 проценти на годишно ниво, забавувајќи се од 3,5 проценти во ноември, а цените на енергијата паднаа со значително побрзо темпо, за 1,9 проценти на годишно ниво, во споредба со падот од 0,5 проценти во ноември.

Кога станува збор за храна, алкохол и тутун, цените се зголемија за 2,6 проценти на годишно ниво, забавувајќи се од 2,4 проценти во ноември, а цените на индустриските производи освен енергијата за 0,4 проценти, забавувајќи се од стапката од 0,5 проценти во минатомесечната на годишно ниво.

Годишната стапка на базна инфлација во Еврозоната се намали на 2,3 проценти во декември, во споредба со 2,4 проценти во ноември.

Меѓу најголемите економии во Еврозоната, најзначајната промена е забележлива во Германија, каде што зголемувањето на годишната стапка на инфлација се забави од 2,6 проценти измерени во ноември на 2 проценти, како што покажуваат прелиминарните декемвриски наоди измерени со хармонизиран индекс на потрошувачки цени (HICP).

Франција забележа мало забавување на годишната стапка на инфлација, која во декември изнесуваше 0,8 проценти, во споредба со 0,7 проценти забележани во ноември и октомври. Годишната стапка на инфлација се зголеми во Италија од 1,1 процент на 1,2 проценти, додека во Шпанија падна од 3,2 проценти на три проценти. Највисока годишна стапка на инфлација во Еврозоната, врз основа на прелиминарните податоци за декември, е забележана во Словачка и Естонија и изнесува 4,1 процент, додека најниска стапка од 0,1 процент е забележана во Кипар, објави Евростат.