
Одборот на директори на Македонската берза донесе одлука за котација на Дваесет и четвртата емисија на државни обврзници за денационализација. Првиот ден на тргување на Официјалниот пазар е закажан за утре, петок (09.01.2026 година).
Станува збор за емисија со вкупна вредност од 1,5 милиони евра, која државата ја издаде на 30 декември 2025 година
Дваесет и четвртата емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
– Вид на хартијата од вредност: Дваесет и четврта емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
– Издавач: Република Северна Македонија;
– Вкупен износ на емисијата: 1.500.000 евра;
– Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;
– Број на издадени обврзници во емисијата: 1.500.000;
– Датум на издавање: 30.12.2025 година;
– Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата.;
– Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2035 година;
– Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2026 година;
– Почеток на тргување со обврзниците: 09.01.2026 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
– ИСИН: MKMINF200DO9;
– Шифра за тргување на Берзата: RMDEN24;











