Земјите од ЕУ го поддржуваат трговскиот договор со Меркосур

Квалификувано мнозинство од земјите-членки на ЕУ денес го одобрија потпишувањето на трговскиот договор на Унијата со земјите од Меркосур, соопштија четири неименувани дипломатски извори.

Дополнителни заштитни мерки на пазарот за земјоделски производи што би стапиле во сила во случај на прекумерно зголемување на увозот од Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај, исто така, добија одобрение од амбасадорот на ЕУ, соопштија изворите, пренесува Политико.

Франција, Полска, Австрија, Ирска и Унгарија гласаа против договорот, додека Белгија се воздржа.