Комерцијална банка реализираше 100% од јавната понуда: Продадени 558 акции за 15,5 милиони денари

Друштвото Комерцијална банка АД Скопје известува дека на ден 12.01.2026 година заврши продажбата на сопствени акции по пат на јавна понуда.

Јавната понуда на хартиите од вредност е одобрена со Решение бр. УП 1 10-83 од 12.12.2025 година на Комисијата за хартии од вредност.

Поканата за запишување и уплата на хартии од вредност беше објавена во дневниот весник “Нова Македонија” на ден 29.12.2025 година, а на веб страницата на берзата – Македонска берза на хартии од вредност на ден 29.12.2025 година, кога беше објавен и Проспектот за запишување и уплата на хартиите од вредност.

По завршување на рокот за реализација на јавната понуда, од понудените 558 обични акции, продадени се вкупно 558 обични акции во вкупен износ од 15.568.758,00 денари, со што јавната понуда е реализирана со процент на реализација од 100%.

Хартиите од вредност ќе бидат пријавени за упис во депозитарот на хартии од вредност. Правата од хартиите од вредност настануваат по уписот на хартиите од вредност на сметка на сопственикот во депозитарот за хартии од вредност.