Ауди забележа пад на продажбата во 2025 година, но силниот крај на годината укажува на закрепнување

Германскиот производител на автомобили „Ауди“, подружница на групацијата „Фолксваген“, денес објави дека неговата глобална продажба во 2025 година се намалила за 2,9 проценти на 1,62 милиони возила, но крајот на годината укажува на закрепнување на бизнисот и раст на испораките.

Ситуацијата во Соединетите Американски Држави беше особено предизвикувачка, бидејќи продажбата на „Ауди“ на тој пазар се намали за 12,2 проценти на годишно ниво на само 202.143 автомобили, делумно поради високите царини за увоз воведени од американскиот претседател Доналд Трамп.

За разлика од конкурентската компанија „Бе-Ем-Ве“ „Ауди“ нема сопствена фабрика во Соединетите Американски Држави, што го отежнало неговото работење уште повеќе, објавува „Виршафтсвое“.