
Платформата TikTok ќе започне со воведување на подобрена технологија за проверка на возраста низ цела Европска Унија во наредните недели, соопшти компанијата, бидејќи повиците за ограничување на пристапот до социјалната мрежа само за лица под 16 години, по примерот на Австралија, растат низ целиот свет.
Новата технологија, која минатата година помина низ пилот-проект во ЕУ, користи анализа на профили, објавени видеа и модели на однесување за да процени дали сметката му припаѓа на дете под 13 години, објавува „Гардијан“.
Сметките означени од системот нема да бидат автоматски отстранети, туку ќе бидат прегледани од специјално обучени модератори, по што може да бидат деактивирани, според „ТикТок“.











