
Годишната стапка на инфлација во Германија се намали од ноемвриските 2,3 проценти на 1,8 проценти, додека не се промени на месечна основа, резултат што е во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денес Федералниот завод за статистика на земјата (Дестатис).
Германскиот стоков сектор забележа зголемување на цените од 0,4 проценти на годишно ниво, значително побавно од ноемвриските 1,1 проценти, додека цените на храната се зголемија за 0,8 проценти наспроти 1,2 проценти во ноември.
Цените на енергетските производи се намалија за 1,3 проценти на годишно ниво, значително побрзо отколку во претходниот месец, кога падот изнесуваше само 0,1 процент.











