
Германскиот производител на луксузни автомобили „Порше“ денес објави дека испорачал 279.400 спортски и теренски возила во 2025 година, што претставува годишен пад од околу 10 проценти.
Најголемото влијание е забележано во Кина, каде што се продадени 41.900 возила, што е за 26 проценти помалку од претходната година и претставува четврти последователен пад на продажбата.
За споредба, „Порше“ продал речиси 95.700 возила во Кина пред само четири години, во 2021 година, објави „Виршафтсвое“.











