Годишната инфлација во еврозоната за декември е ревидирана надолу на 1,9 проценти

Годишната инфлација во Еврозоната за декември се намали од ноемвриските 2,1 на 1,9 проценти, а резултатот претставува надолна ревизија во споредба со прелиминарната прогноза од два проценти, објави  Евростат.

За прв пат од мај, инфлацијата во еврозоната падна под целната вредност од два проценти на Европската централна банка.

Цените на услугите во Еврозоната се зголемија за 3,4 проценти на годишно ниво, забавувајќи се од 3,5 проценти во ноември, а цените на енергијата паднаа со значително побрзо темпо, за 1,9 проценти на годишно ниво, во споредба со падот од 0,5 проценти во ноември.