
Фармацевтската компанија „Реплек АД Скопје“ преку Македонската берза информираше за промена кај еден од своите акционери со значителен удел.
Градежната компанија „Настел ДООЕЛ“, која е еден од поголемите акционери во „Реплек“, отуѓила (продала) 35 обични акции.
По оваа трансакција, „Настел“ останува сопственик на вкупно 15.143 акции, што претставува удел од 5,84% од вкупниот број акции на компанијата.












