БиХ ќе ги проверува сомнителните богаташи

32

rich-people1Директорот на Даночната управа на Федерацијата БиХ, Мидхат Арифовиѓ изјави дека  оваа институција во следната година планира повеќе да и им се посвети на граѓаните и даночните обврзници кои свесно се занимаваат со измами.

Истакнувајќи дека некои граѓани имаат вреден имот, а не се вработени, Арифовиќ наведува дека во тие случаи треба да се применат интегрирани истраги.

Тој за Дневни Аваз рече дека обвинителството многу често бара податоци од Даночната управа за одредени лица кои се занимаваат со криминални активности, перење пари, растурање дрога, трговија со луѓе и корупција.

“Некој со корумпирани пари може да купи куќа, викендица, 10 деловни простори, а ние немаме можност да го видиме потеклото на тие пари, дали е тоа кредит, позајмени пари или потекнуваат од незаконски активност. Чести се и случаите кога сопственикот прикажува бизнис со мал промет, а поседува огромен имот. Мораме да обрнеме повеќе внимание на граѓаните кои не пријавуваат имот, не плаѓаат данок. Планот е кај сите сомнителни даночни обврзници поинтензивно и во исто време да се работи на контроли, но и на истраги во кои ќе бидат вклучени и други агенции за спроведување на законите”, вели Арифовиќ за Аваз.

За оваа цел, од следната година во потполност ќе почне да се применува софтверска апликација, програма која автоматски ќе ги издвојува даночните обврзници кај кои треба да се изврши теренска контрола. На основа на оваа апликација контролите би требало да бидат побрзи и поефикасни. Со ова, вели Арифовиќ, ќе се намали “празниот од”, односно бројот на теренски контроли кои немаат основа и да се насочат таму каде што е навистина потребно.