Морган Стенли: Работните места во Велика Британија се под удар на вештачката интелигенција

Велика Британија губи повеќе работни места отколку што создава поради вештачката интелигенција (ВИ) и е повеќе погодена од појавата на ВИ отколку другите големи економии, според истражувањето објавено денес од Морган Стенли.

Анкетата, покрај Велика Британија, ги вклучи и Соединетите Американски Држави, Јапонија, Германија и Австралија, а резултатот покажа дека падот на вработеноста кај британските компании во последните 12 месеци изнесувал осум проценти, што е највисоко од сите набљудувани земји, објавува Гардијан.

Истражувањето, кое вклучувало фирми кои користат ВИ најмалку една година во пет сектори (малопродажба, недвижности, транспорт, медицинска опрема и автомобилска индустрија), покажало дека британските фирми забележале просечно зголемување на продуктивноста од 11,5 проценти благодарение на ВИ.