
Американскиот производител на авиони „Боинг“ објави дека остварил профит во четвртиот квартал, првенствено поради продажбата на дигитални услуги во воздухопловството, како и врз основа на производството на млазни авиони и подобрите испораки.
Американската компанија оствари нето добивка од 8,22 милијарди долари (или 10,23 долари по акција) за кварталот до крајот на декември, во споредба со загуба од 3,86 милијарди долари (или 5,46 долари по акција) една година претходно, објави „Ројтерс“.
„Боинг“ ја заврши годината со производство на 42 авиони „737 макс“ месечно, а моделот „787“ со осум месечно.











