Шест компании ќе инвестираат во Македонија

47

287-223454891_640-960x680 Во ноември оваа година, дури 107 странски компании ја посетиле Македонија. Од оваа бројка, шест компании донеле конечна одлука да инвестираат во Македонија, информираше директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида.
Фида истакна дека се работи за италијанска компанија која произведува композитни материјали, две компании од автомобилската индустрија од САД и Турција, една турска текстилна компанија, како и две англиски компании за консалтинг и ИКТ.
Директорот Фида додаде дека во моментов преговараат со уште 5-6 компании кои се заинтересирани да инвестираат во Македонија, а имињата на оние кои донеле конечна одлука, ќе ги обелоденат за две до три недели.
Фида истакна и дека е задоволен од работата на економските промотори и додаде дека тие интензивно работат на тоа Македонија да ја престават како економска и туристичка дестинација.