„Газпром“ предупредува на скок на цените на гасот во САД и ризици за Европа

Цените на гасот во Соединетите Американски Држави продолжуваат да растат, што ја влошува ситуацијата на европскиот пазар на гас, за кој САД стануваат не само главен снабдувач, туку и конкурент за расположливите ресурси во периодот кога побарувачката е на врвот, се вели во соопштение на руската компанија Газпром.

Според тврдењата на руската компанија, цената на фјучерсите за гас во референтниот американски центар „Хенри“ (Henry Hub) за испорака еден месец однапред достигна 263,3 долари за 1.000 кубни метри на 28 јануари, бидејќи скокна за дури седум проценти на дводневно ниво.

Газпром забележа дека во периодот од 16 до 27 јануари, цената на гасот во центарот „Хенри“ се зголемила повеќе од двојно и се искачила на 245 долари за 1.000 кубни метри, што е највисоко ниво од декември 2022 година.