
Три од петте најтргувани акции на официјалниот пазар на Македонската берза во јануари 2026 година доаѓаат од банкарскиот сектор, што укажува на зголемен интерес на инвеститорите кон финансиските институции.
Покрај Комерцијална банка, во врвот на листата се и акциите на НЛБ Банка Скопје и Стопанска банка Скопје. На листата се најдоа и Макпетрол и Алкалоид.

Акциите на Комерцијална Банка АД Скопје, Алкалоид АД Скопје и Макпетрол АД Скопје биле најтргувани на официјалниот пазар на Македонската берза во јануари 2026 година, покажуваат податоците од Месечниот статистички билтен на Берзата.
Во топ-петте се најдоа и НЛБ Банка Скопје и Стопанска банка Скопје, со значителен број трансакции и промет.
Со акциите на Комерцијална Банка направени се 456 трансакции, со просечна цена од 27.749,75 денари и промет од 1.970.691 евра.
По нив со 309 трансакции со просечна цена од 25.166,05 денари и промет од 1.316.106 евра следат акциите на Алкалоид, а зад нив со 125 трансакции со просечна цена од 110.730,96 денари и промет од 912.870 евра се акциите на Макпетрол.
Во првите топ пет најтргувани акции се најдоа и акциите на НЛБ Банка со 96 трансакции со просечна цена 55.449,79 денари и промет од 505.849 евра и Стопанска банка Скопје со остварени 74 трансакции со просечна цена од 2.658,76 денари и промет од 342.948 евра.
В.Ѓ.











