
Почнувајќи од утре (6 февруари), на Официјалниот пазар ќе започне тргувањето со нова емисија на државни обврзници вредна над 6,1 милијарди денари (околу 100 милиони евра).
Според известувањето од Македонската берза, котацијата доаѓа на барање на Министерството за финансии за котација на државни обврзници, а почнувајќи од 06.02.2026 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:
Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата:6.100.550.000 МКД
Број на издадени хв: 610.055
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 02.01.2026
Датум на достасување: 02.01.2028
Каматна стапка: 4,20%
Шифра на тргување: M020128
ИСИН: MKMINF20GCS8











