Македонија ги зголеми девизните резерви за 675,3 милиони евра за еден месец

Официјалните девизни резерви на државата достигнаа ново ниво од 5.600,5 милиони евра на крајот на јануари 2026 година, покажуваат најновите податоци на Народната Банка. Ова претставува значителен пораст во однос на претходниот месец (декември) кога девизните резерви на земјата изнесувале 4.925,3 милиони евра.

Само во текот на првиот месец од годината, девизните резерви се зголемиле за  675,3 милиони евра. 

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,8%), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (8,4%).
Девизните резерви се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели.