Кампања на Икеа: За Божиќ никој не треба да биде сам

48

ikea

Во Икеа веруваме дека никој не треба да биде сам за Божиќ, освен ако е тоа негов избор. Затоа, ако вашата фамилија е во странство, самохран родител сте, баба или дедо или едноставно сте сами, има место и луѓе што сакаат да прослават со вас. Затоа ја креиравме оваа платформа, за да можете да се најдете. Станете дел од Без празни столчиња за Божиќ (No Empty Chairs At Christmas) и поминете прекрасни празници што ќе ги паметите со години.

Вака швајцарскиот огранок на Икеа ја објаснува идејата за платформата која ги спојува луѓето што имаат вишок место на празничната маса. Гостите и домаќините се запознаваат врз основа на краток профил што го оставаат на страната, а остатокот од договорот зависи од нив.

Поради правна заштита, брендот јасно става до знаење дека не е одговорен за одлуките на корисниците на платформата да поканат некого дома или да одат во туѓ дом.

i1

i2

i3

ikea 2