Нов четиригодишен мандат за Калуптси како Генерален директор за стратегија во Стопанска банка

Стопанска банка АД – Скопје соопшти дека Евангелија Калуптси е повторно именувана за Генерален директор за трансформација и стратегија, како и за член на Управниот одбор на Банката.

Одлуката за реизборот е донесена од страна на Надзорниот одбор на Банката, а за истата веќе е добиена и официјална согласност од Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија. Новиот мандат на  Калуптси ќе трае четири години.

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување и надзор:

Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија, г-ѓа Евангелија Калуптси повторно се именува за Генерален директор за трансформација и стратегија и член на Управен одбор на Банката, со мандат од 4 години“, стои во објавата на Македонска берза.