Општина Пехчево и ФФРМ потпишаа меморандум за соработка

43

По одржаната трибина на тема Функционирање на земјоделските задруги, Претседателот на Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) и градоначалникот на општина Пехчево потпишаа меморандум за соработка.
Андреј Секуловски, претседателот на ФФРМ информираше дека со донесувањето на Законот за здружување во задруги, земјоделците покажуваат поголема заинтересираност за здружување, бидејќи на тој начин доаѓаат до економска корист.

“Зголемен е интересот на земјоделците во здружување на економски задруги, бидејќи во оваа форма гледаат можност за подобра реализација на откупот, подобрување на квалитетот на производството, намалување на трошоците и подобро информирање и еукација”, рече Секуловски.
На трибината земјоделците беа запознаени со постапката за формирање на земјоделска задруга, нејзина регистрација, формите на здружување, како и начинот на окрупнување на обработливите површини.