
Во декември 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 46. 889 денари, а просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2025 година изнесува 70. 520 денари, објави Државниот завод за статистика.
Во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.6 %. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13.4 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10.9 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Образование 9.7 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 12.8 %, Рударство и вадење на камен за 9.0 % и Градежништво за 7.0 %.
- Нето-платата во декември 2025 година изнесува 46 889 денари
- Во декември 2025 година во однос на декември 2024 година е повисока за 7.6 %
Во декември 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 70 520 денари
Во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 7.5 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13.6 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10.9 % и Образование 9.7 %.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 13.0 %, Рударство и вадење камен за 8.8 % и Градежништво за 7.2 %.
- Бруто-платата во декември 2025 година изнесува 70 520 денари
- Во декември 2025 година во однос на декември 2024 година е повисока за 7.5 %











