НБРМ: Февруарските девизни резерви над 5,5 милијарди евра

Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на вториот месец од 2026 година, девизните резерви изнесуваат 5.558 милиони евра.

Иако бројката е за нијанса пониска во однос на јануари, кога резервите достигнаа рекордно ниво од 5.600,5 милиони евра, тие и понатаму се на исклучително високо ниво. Да потсетиме, во јануари беше забележан еден од најголемите месечни порасти  кога само за 31 ден резервите се зголемија за дури 675,3 милиони евра во споредба со декември минатата година.

На крајот на февруари 2026 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 5.558 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,2%), по што следуваат монетарното злато (17,5%) и валутите и депозитите (8,3%).