Котација на нови државни обврзници: Камата од 4,20% за двегодишен инвестициски рок

Македонската берза соопшти дека од денеска, на официјалниот пазар ќе започне тргувањето со нова емисија на државни обврзници. Станува збор за хартии од вредност издадени  со вкупна вредност од над 30 милиони евра.

Според официјалното известување, на берзанската котација ќе бидат примени 186.257 државни обврзници. Номиналната вредност на една обврзница изнесува 10.000 денари, а вкупната вредност на целата емисија достигнува 1.862.570.000 денари.

Ве известуваме дека согласно барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 09.3.2026 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 1.862.570.000 МКД
Број на издадени хв: 186.257
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 05.3.2026
Датум на достасување: 05.3.2028
Каматна стапка: 4,20%
Шифра на тргување: M050328
ИСИН: MKMINF20GCY6