Од Нова година целосна либерализација на транспортот меѓу Македонија и БиХ

50

Почнувајќи од 1 јануари 2013 година, превозот на стока помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина ќе биде целосно либерализиран.

Тоа значи дека со почнувањето на новата година, билатералниот, транзитниот и превозот за и од трети земји за превозниците од двете земји ќе биде без режим на дозволи.

Македонско-босанската мешовита комисија за меѓународен патен сообраќај го потпиша протоколот со кој се укинува квотата на дозволи за трети земји, кои Македонија и БиХ досега меѓусебно ја разменуваа.

Од Министервото за транспорт и врски соопштија дека договори за целосно либерализирање на транспортот досега се остварени со Чешка, Словачка, Велика Британија, Швајцарија и Унгарија