Фонд менаџмент компанијата Turkven го купи мнозинскиот пакет акции во најголемиот синџир на болници во Турција, Медицински парк (Medical Park). Carlyle Group соопшти дека е постигнат конечен договор за продажба на 40% од уделите во Medical Park, на приватен фонд управуван од Turkven. Другите акционери, Sancak група и Usta група, исто така се согласија да продадат дел од уделите покрај Carlyle Group.
Трансакцијата треба да добие одобрение од регулаторите за да се затвори.
Мухарем Уста, претседател на Управниот одбор на Medical Park група вели дека новото партнерство претставува нова ера за Medical Park.
“Medical Park група многу придонесе за ширењето на високите стандарди на клиничката нега и во зголемување на пристапот до квалитетна здравствена заштита во Турција. Им благодариме на Carlyle Group за своите придонеси кон оваа успешна приказна”, изјави Уста, пренесуваат турските медиуми.
Medical Park брои 18 болници со приближно 11.000 вработени во Турција.