
Според податоците на Државниот завод за статистика во јануари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46.617 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари изнесуваше 70. 066 денари.
Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.3 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 % и Преработувачка индустрија за 10.5 %.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.4 %, Градежништво за 5.3 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.8 %.
- Нето-платата во јануари 2026 година изнесуваше 46 617 денари
- Во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година е повисока за 8.3 %
Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јануари 2026 година
Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 70.066 денари
Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.3 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 13.2 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.7 % и Преработувачка индустрија за 10.6 %.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.6 %, Градежништво за 5.6 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.7 %.
• Бруто-платата во јануари 2026 година изнесуваше 70. 066 денари
• Во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година е повисока за 8.3 %











